Услови за користење
ВЕ МОЛИМЕ ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ОВИЕ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ НА HERBALIFE INTERNATIONAL OF AMERICA, INC. (во понатамошниот текст „HERBALIFE“) ШТО ЌЕ ЈА НАЈДЕТЕ НА http://www.herbalife.com/privacy-policy ПРЕД ДА ГО КОРИСТИТЕ ОВОЈ ВЕБ-САЈТ ИЛИ ДА КУПИТЕ КАКОВ БИЛО ПРОИЗВОД ИЛИ УСЛУГА ОД HERBALIFE.
Овие Услови за користење претставуваат договор (во понатамошниот текст „Договор“) Herbalife, корпорација од Невада, (во понатамошниот текст „Компанијата“, „ние“ или „нас“) и вас (во понатамошниот текст „вие“ или „Корисник“). Во овој Договор се наведени правните услови според кои ќе се раководи употребата на овој веб-сајт и секоја Платформа на Независен дистрибутер и секоја Веб сопственост (во овој Договор означени со едно име „Сајт“) од ваша страна и купувањето и/или користењето на Herbalife производи, услуги (во овој Договор означени со едно име „Понуди“). Во овој Договор се обезбедени и информации за начинот на кој може да станете независен Herbalife Член.
Ако го користите Сајтот и сите информации, податоци, текст, софтвери, слики, аудио или други материјали дадени на Сајтот или користите или купувате други Понуди, безусловно се согласувате дека сте обврзани со овој Договор и секогаш ќе ги почитувате неговите одредби и услови. Ако не се согласувате да бидете обврзани со овој Договор, не пристапувајте или не користете го Сајтот на други начини или не учествувајте во ниедна од Понудите.
Ако не сте задоволни од Сајтот или од која било друга Понуда, ваш единствен и ексклузивен правен лек е да престанете да го користите Сајтот или која било друга Понуда, освен во случај на ограничени гаранции што може да важат за Понудите на Herbalife производи или како што е јасно наведено во петтиот дел од овој Договор [Herbalife гаранција за задоволен клиент].
Овој Договор и Политиката на приватност на Herbalife (во понатамошниот текст „Политика на приватност“) и сите други услови и политики наведени во овој Договор (со едно име „Други политики“) го сочинуваат целиот договор меѓу вас и нас, и се однесуваат на предметот на овој Договор и ги заменуваат сите претходни или други договори, преговори и дискусии, било усни или писмени. Одрекување од која било од одредбите на овој Договор нема да се смета за одреиот вид одрекување не претставува ниту трајно одрекување освен ако не е предвидено поинаку.
Информациите и опциите кои се дел од овој Сајт подлежат на промена во кое било време без претходна најава. При пристапување или споделување линк за овој Сајт (под услов споделување линк да е дозволено), ризикот од промена или отстранување на овој Сајт го сносите вие.
1. ИЗМЕНИ
Го задржуваме нашето дискреционо право во секое време да:
- ги менуваме одредбите и условите од овој Договор;
- го унапредуваме, дополнуваме, менуваме или повремено да го прекинеме или укинеме Сајтот или која било Понуда или кој било дел од Сајтот или која било Понуда.
Го задржуваме своето дискреционо право повремено, во кое било време, да го унапредуваме, ажурираме, дополнуваме, привремено да го прекинеме, да го укинеме или на кој било начин да го измениме кој било дел од овој Договор, во целост или делумно. За промените на овој Договор кои ги сметаме за суштински ќе објавиме известување на Сајтот на тој начин што ќе го измениме линкот на почетната страница и насловот „Ажурирани услови за користење“ ќе биде видлив разумен временски период. Ако ни доставите информации, пристапите или го користите Сајтот или учествувате во која било од Понудите на каков било начин по измената на овој Договор, ќе се смета дека сте ги прочитале, разбрале и безусловно сте се согласиле со измените. Последната верзија од овој Договор ќе биде достапна на Сајтот и ќе ги замени сите претходни верзии од овој Договор.
Имаме дискреционо право да ги подобруваме, изменуваме или укинуваме, делумно или целосно, Сајтот или Понудите. Сите подобрувања, дополнувања или измени на Сајтот или на Понудите ќе бидат предмет на овој Договор.
2. ПРИСТАП
Мора да добиете пристап до интернет и да ги платите сите трошоци поврзани со пристапот за користење на Сајтот. Покрај тоа, мора да имате и соодветна опрема за пристап до интернет. Само вие и исклучиво вие сте одговорни за купување, поврзување, инсталирање, местење, работење и одржување на секоја хардверска, софтверска и телефонска (кабелска или друг вид) услуга, за услугата за пристап на интернет на вашиот компјутер и за сите поврзани трошоци. Само вие и исклучиво вие сте одговорни за скенирање на вашиот хардвер и софтвер за заштита од вируси и за други поврзани проблеми пред да почнете го користите хардверот и софтверот. Не сносиме одговорност за никаков вид грешка или проблем што се јавува како резултат на нефункционирање или проблем со вашиот софтвер или хардвер во врска со употребата на Сајтот или на Понудите.
3. ПРАВО НА ПРИСТАП
Претставувате и потврдувате дека имате најмалку осумнаесет (18) години или ако имате помалку од осумнаесет (18) години, дека имате барем тринаесет (13) и пристапувате на Сајтот со знаење и согласност на вашиот родител или старател, за кој, исто така, ќе сметаме дека се согласува со овој Договор. Одредени функции на овој Сајт (во кои, меѓу другото, спаѓа регистрација на корисник) и одредени Понуди може да бидат достапни само за повозрасни лица и/или да подлежат на други критериуми за право на пристап.
Производите и Деловната можност на Herbalife не смее да се нудат, испорачуваат или продаваат во земји надвор од веќе одобрените земји од страна на Herbalife. За листа на земјите, кликнете овде: Одобрени земји. Herbalife ја шири својата продажба и на други пазари, па повремено проверувајте дали ќе се појават ажурирани информации.
4. НЕЗАВИСНИ HERBALIFE ЧЛЕНОВИ
Производите и услугите на Herbalife се продаваат преку мрежа Независни Herbalife Членови. За да може да купувате производи или услуги од Herbalife не е потребно да станете независен Член. Меѓутоа, ако сте заинтересирани да почнете сопствен бизнис од дома како Независен Член на Herbalife, разгледајте го делот за нашата Деловна можност.
5. HERBALIFE ГАРАНЦИЈА ЗА ЗАДОВОЛЕН КЛИЕНТ
Herbalife гарантира дека секој производ што го носи името Herbalife е квалитетен и потврдува дека производите создадени за Herbalife ги задоволуваат високите стандарди за свежина и чистота. Уверени сме дека нашите потрошувачи ќе бидат задоволни со нашите производи на секој начин. Но, ако од некоја причина клиентот не е потполно задоволен со некој од производите на Herbalife купен од Herbalife.com нудиме можност за замена или за целосно враќање на парите (но не и покривање на трошокот за испорака). Едноставно побарајте од Herbalife да ви ги врати парите во рок од триесет (30) дена од денот кога сте го добиле производот на тој начин што ќе го контактирате нашиот Оддел за корисничка поддршка на Herbalife.com. Ограничување на оваа гаранција може да наложат само условите наведени во некои од посебните гарантни листови залепени за или спакувани во одредени производи, а гаранцијата не важи за ниту еден намерно оштетен или неправилно употребен производ.
6. ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ И ВАШАТА ПРИВАТНОСТ
Ако на сајтот давате ваши податоци, се согласувате дека податоците што ќе ни ги дадете на барање ќе бидат точни, нови и целосни и се согласувате да ги чувате и ажурирате податоците како што е соодветно. Сите информации поврзани со вас кои ги собираме преку Сајтот ќе ги чуваме и со нив ќе раководиме во согласност со нашата Политика на приватност, што може да ја најдете на
7. КОРИСНИЧКИ ФОРУМИ
Форумите, огласните табли, чет собите или други интерактивни делови што се или може да бидат понудени на Сајтот (во понатамошниот текст „Кориснички форуми“) претставуваат платформа каде што корисниците може да го изразат своето мислење, да споделуваат идеи и информации. Секој што објавува содржини на Корисничките форуми („Содржина на заедницата“) е одговорен за веродостојноста и точноста на содржината и ние немаме контрола врз неа. Покрај тоа, немаме никаква контрола врз тоа дали така објавениот материјал ќе им биде навредлив, невкусен или на некој друг начин неприфатлив на останатите корисници и затоа се одрекуваме од каква било одговорност поврзана со ваквиот материјал.
Не ја контролираме ниту можеме да ја контролираме секоја порака што корисниците ја објавуваат на Корисничките форуми и не сме одговорни за содржината на тие пораки или за ставовите или мислењата изразени од одделни корисници на Корисничките форуми. Информациите што се споделуваат на Корисничките форуми се по правило јавни. Го задржуваме своето исклучиво дискреционо право, но не сме обврзани, целосно или делумно, да бришеме, преместуваме или изменуваме содржини кои сте ни ги доставиле до Сајтот од која било причина. Дополнително може да избришеме, преместиме, измениме или објавиме содржина од пораки кога сме обврзани со закон или кога сме убедени дека таквото постапување е неопходно за да се заштитат и одбранат нашите права и сопственоста или за да ја заштитиме безбедноста на нашите корисници или на јавноста. Во никој случај не преземаме обврска да ги надгледуваме Корисничките форуми или да отстрануваме конкретен материјал.
Разбирате дека за аплоудирање и/или објавување каква било Содржина од заедницата на кој било Кориснички форум Компанијата не е обврзана на доверливост и не сме одговорни за каква било употреба или објавување на Содржина од заедницата.
(а) Ограничување на употребата
Во однос на Корисничките форуми и нивната функционалност се согласувате да ги почитувате наведените „Правила на заедницата“. Без да ограничуваме други наши права или правни лекови, наше дискреционо право е трајно да им забраниме пристап до Сајтот на поединци што ги нарушуваат следните Правила на заедницата на тој начин што:
- вознемируваат, демнат или на друг начин злоупотребуваат друг корисник;
- пренесуваат, објавуваат, праќаат, аплоудираат, дистрибуираат, поднесуваат или на друг начин споделуваат содржина што е лажна, опасна, заканувачка, злоупотребувачка, непристојна, клеветничка, оцрнувачка, потценувачка (како и содржина што го потценува Herbalife), вулгарна, порнографска или содржина со која се промовира насилство, расна омраза, тероризам или други нелегални дејства или е на друг начин навредлива (ако ние, повикувајќи се на нашето дискреционо право, утврдиме дека е така);
- пренесуваат, објавуваат, праќаат, аплоудираат, дистрибуираат или на друг начин споделуваат содржина која е незаконска или која го крши или нарушува кое било право на патент, заштитен знак, препознатлив изглед, деловна тајна, јавно прикажување, приватност, авторски права или права на интелектуална сопственост или други права на која било трета страна;
- пренесуваат, објавуваат, праќаат, аплоудираат, дистрибуираат, поднесуваат или на друг начин споделуваат вируси, тројанци, црвчиња или друг вид материјал што наштетува или материјал што ја попречува употребата на Сајтот на која било трета страна;
- лажно се претставуваат како одредено лице или ентитет или на друг начин го кријат потеклото на која било содржина што ја пренесуваат преку Сајтот или ја доставуваат до Herbalife, во што спаѓа и лажирање на TCP/IP пакет хедер или некој дел од информацијата во хедерот од која било причина кога пренесуваат информации на Сајтот;
- пренесуваат, објавуваат, праќаат, аплоудираат, дистрибуираат, поднесуваат или на друг начин споделуваат преку Сајтот лични реклами, спам пораки, верижни писма, пирамидални шеми или понуди за продажба на производи или услуги, освен во делови специјално наменети за тоа, ако воопшто се дадени; или
- нарушуваат важечки локални, државни, федерални или меѓународни закони, правила и прописи;
- учествуваат во кој било дел од Сајтот ако се помлади од 18 години;
- пренесуваат, објавуваат, праќаат, дистрибуираат, поднесуваат или на друг начин споделуваат преку Сајтот каква била содржина за прибирање средства, промоција, рекламирање или барања на добра и услуги. Покрај тоа, со потпишување на овој Договор прифаќате дека ви е забрането да барате од другите гости да ви се придружат или да се зачленат во некој комерцијален онлајн сервис или друга организација;
- собираат информации од кој било корисник или на друг начин пристапуваат на Сајтот со употреба на технологија (во која, меѓу другото, спаѓаат ботови за прибирање податоци, роботи, веб индексери или скрејпери)
- употребуваат методи на „framing“, „mirroring“ или „deep linking“ за да копираат дел од Сајтот или други Понуди без претходно да добијат писмена дозвола од нас;
- ставаат линкови од некоја страница на Сајтот или други Понуди од некој веб-сајт или веб-страница каде што е опишана лековитата моќ на одредена супстанца или нејзината моќ за подобрување на здравјето, без оглед на тоа дали таа супстанца сме ја произвеле, ја рекламираме, продаваме или дистрибуираме ние.
Не одобруваме Содржина од заедницата на Корисничките форуми и се одрекуваме од секаква одговорност кон секое лице или ентитет (во кои, меѓу другото, спаѓаат лица кои може да го користат или кои се потпираат на тој материјал) за каква било загуба, штета (стварна, последична, казнена или поинаква), повреда, спор, или каква било друга причина што се должи на Содржина од заедницата обезбедена преку Корисничкиот форум. Со објавување или аплоудирање каква било Содржина од заедницата на некој Кориснички форум или со поднесување Содржина од заедницата до нас автоматски ни давате (или гарантирате дека сопственикот на тие права ни дава) трајно, со важност во целиот свет, без надомест, неотповикливо, неексклузивно право и дозвола да ги користиме, репродуцираме, изменуваме, приспособуваме, издаваме, преведуваме, сублиценцираме, преработуваме и дистрибуираме таквите материјали или да ги вградиме во Содржина од заедницата во која било форма, медиум или технологија досега познати или кои ќе се измислат во иднина, во целиот универзум, без никакво временско ограничување. Покрај тоа, гарантирате дека содржината, онака како што сте ја аплоудирале или објавиле, не прекршува ничии таканаречени права на јавно прикажување или морални права или сродни права во согласност со важечките закони во сите региони или земји во светот.
Се согласувате на барање да нè обештетите за секоја тужба од трети страни, како и за оштети, загуби, судски постапки кои произлегуваат од или се резултат на ваше објавување или аплоудирање на Содржина од заедницата на некој од Корисничките форуми или поднесување на Содржина од заедницата до нас или непочитување на Правилата на заедницата од ваша страна.
8. КОРИСТЕЊЕ ИМЕЈЛ АДРЕСИ ДОБИЕНИ ОД САЈТОТ
Кога користите имејл адреса што сте ја добиле на или преку Сајтот или други Понуди, се согласувате таа имејл адреса да ја користите во согласност со сите важечки закони и да не пренесувате на други физички или правни лица:
- содржина што ги повредува Правилата на заедницата наведени овде, а кои се однесуваат на Форумите за корисници или што е незаконска, лажна, која содржи закани, злоупотреба, навреда, клевета, вулгарности, непристојности, која повредува нечија приватност, малтретира, измачува, нарушува нечија приватност, со која се шири омраза или содржи навреди врз основа на расна, етничка или друга припадност, или е предмет на договор за доверливост, или ги прекршува нашите правила за интелектуална сопственост или правилата за интелектуална сопственост на некоја трета страна;
- податок за некоја компанија што не е јавен;
- деловна тајна; или
- компјутерски код, фајл или програма (на пример, компјутерски вирус) чија цел е да ја наруши, уништи, компромитира безбедноста или да ја ограничи функционалноста на некој уред.
- Спамирањето е строго забрането. Спамирањето за оваа цел се дефинира како праќање непосакувана порака на лица, ентитети, новински групи, форуми, имејл листи или други групи или листи, освен ако не е добиена претходна дозвола од примачот на имејл пораката во која експлицитно се дозволува примачот да добива имејл комуникација од вас или освен ако веќе не е воспоставена деловна или лична релација со примачот на имејл пораката. АКО ДОБИВАТЕ СПАМ ПОРАКИ ОД НЕКОЈ ШТО ПРОДАВА ИЛИ ГИ ОПИШУВА ПРОИЗВОДИТЕ ИЛИ ДЕЛОВНАТА МОЖНОСТ НА HERBALIFE, ИСКОНТАКТИРАЈТЕ НÈ ВЕДНАШ ЗА ДА ПРЕЗЕМЕМЕ СООДВЕТНО ДЕЈСТВО.
- Забрането е користење лажни хедери во имејл пораки или фалсификување, лажирање или менување на потеклото на кој било имејл поврзан со Herbalife и/или со производите и услугите на Herbalife.
- Ако некое лице или ентитет посочи дека не сака да добива имејл пораки од вас, вие се согласувате да не му праќате пораки на тоа лице или ентитет. Ако едно лице првично се согласи да добива имејл пораки од вас, но подоцна побара повеќе да не му праќате пораки, мора да се придржувате до тоа барање.
- Herbalife забранува преземање на која било од наведените активности со користење услуги од друг провајдер, сервис за препраќање имејл пораки или некој друг.
9. НАШЕТО ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ
Овој Сајт и сета негова содржина или содржината што Сајтот би можел да ја има во иднина, во која, меѓу другото, спаѓаат написи, мислења, други текстови, адресари, водичи, фотографии, илустрации, слики, видео и аудио записи и реклами, како и заштитени знаци, авторски права, логоа, имиња на домени, кодови, трговски имиња, услужни марки, патенти и секој материјал за кој постои опасност од прекршување на авторските права (како и изворни и објектни кодови) и/или секоја друга интелектуална сопственост (со едно име „Материјал“) се наша сопственост или за нив имаме добиено лиценци или се сопственост на овластени трети лица или тие имаат добиено лиценци и се заштитени од неовластена употреба, копирање и дисеминација со законите за авторски права, заштитени знаци, јавно прикажување и други, како и со меѓународни спогодби. Освен ако не добиете директна писмена дозвола од нас, не смеете да зачувувате, репродуцирате, изведувате, префрлате, да продавате, лиценцирате, изменувате, преработувате дела од или кои се засноваат на, повторно да објавувате, користите метод на обратен инженеринг, да аплоудирате, менувате, објавувате на интернет, да пренесувате, јавно да објавувате, да употребувате методи на „frame“, да споделувате линкови, да дистрбуирате или да го искористите целиот или кој било дел од Материјалот. Текстот од овој Договор или текстот на Сајтот не содржат, по импликација, по исклучок или на друг начин, каква било дозвола или право да се користи што било од Материјалот на кој било начин без претходна писмена дозвола од нас или од трета страна која може да е сопственик на материјалот или на интелектуалната сопственост прикажана на Сајтот. НЕОВЛАСТЕНА УПОТРЕБА, КОПИРАЊЕ, РЕПРОДУЦИРАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ, ОБЈАВУВАЊЕ, ПОВТОРНО ОБЈАВУВАЊЕ, УПОТРЕБА НА МЕТОДИ НА „FRAME“, ДАУНЛОДИРАЊЕ, ОБЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, УМНОЖУВАЊЕ ИЛИ НЕКАКОВ ДРУГ ВИД ЗЛОУПОТРЕБА НА НЕКОЈ ДЕЛ ОД МАТЕРИЈАЛОТ Е СТРОГО ЗАБРАНЕТА. Каква било друга употреба на Материјалот што не е дозволена со овој Договор претставува прекршување на овој Договор и може да претставува кршење на авторски права и/или права на патенти. Се согласувате да не го користите Материјалот во незаконски цели и да не ги прекршувате нашите или туѓите права. Се согласувате да не ги попречувате (или да дозволите трета страна преку вашето членство да ги попречува) нормалните процеси или употребата на овој Сајт од страна на други членови, во кои, меѓу другото, спаѓа пристапот до административните делови од Сајтот. Се согласувате да ја пријавите секоја повреда на овој Договор од страна на други лица за која ќе добиете сознанија. Информирани сте дека агресивно ќе ги реализираме своите права максимално колку што ни дозволува законот. Дозволено ни е да додаваме, менуваме, прекинуваме и отстрануваме привремено или трајно кој било дел од Материјалот во кое било време, без претходна најава и без да сносиме одговорност за постапките. Нашето лого и името на производите што Herbalife ги произведува, пушта во промет, продава или дистрибуира се заштитени знаци и/или услужни знаци на Herbalife International of America Inc. или на нејзините партнери. Сите останати заштитени знаци, услужни знаци и логоа што се употребуваат на Сајтот или во други Понуди се заштитени, услужни знаци или логоа на нивните сопственици.
10. ЧЛЕНСТВО И РЕГИСТРАЦИЈА
За одредени делови од Сајтот може да е потребна регистрација или може да ви се побараат други информации за да користите одредени функции или да пристапите до одредена содржина. Практиката на Сајтот во врска со раководењето со вашите лични информации е образложена во делот Политика на приватност. Одлуката да ги обезбедите таквите информации е опционална и зависи од вас; меѓутоа, ако изберете да не ги обезбедите тие информации, можно е да не ви се овозможи пристап до некои од содржините или да не може да користите дел од функциите на Сајтот.
Ако се регистрирате на Сајтот, се согласувате да прифатите одговорност за целокупната активност што ќе произлезе од вашиот профил, имејл адресата или лозинката, ако ги имате, и се согласувате дека нема да го продадете, да го префрлите или да го доделите вашето членство и/или кои било права што произлегуваат од вашето членство или кои било имејл адреси што ќе ги добиете преку Сајтот. Вие сте одговорни за заштита на вашата лозинка, ако ја имате, и за ограничување на пристапот до вашиот компјутер, за други лица да немаат пристап до делови од Сајтот што се заштитени со лозинка или до вашата имејл адреса добиена од Сајтот и да го користат вашето име, делумно или во целост. Имаме дискреционо право во кое било време, со или без претходна најава, да ја отстраниме вашата лозинка и да го прекинеме вашето членство, од која било причина или без причина.
11. ПОДНЕСУВАЊЕ ИДЕИ
Задоволство ни е да комуницираме со корисниците, затоа вашите коментари за услугите и производите на Herbalife се добредојдени. Меѓутоа, политика во нашата компанија веќе долги години е да не прифаќаме или да земаме предвид креативни идеи, предлози или материјали кои ние конкретно не сме ги побарале претходно (в. понатаму). Иако го цениме фидбекот што ни го давате во врска со услугите и производите, од вас бараме во коментарите да се задржите на конкретните услуги и производи и да не доставувате креативни идеи, сугестии или материјали. Се надеваме разбирате дека намената на оваа политика е да се избегне можноста од недоразбирања во иднина кога за проекти што ќе ги изработиме ние или нашите партнери на други може да им се чини како да се искористени нивните креативни идеи. Од таа причина, ве замолуваме да не ни праќате никаков оригинален креативен материјал, како на пример, прикази, фотографии, цртежи, или оригинална уметност.
Ако на наше барање пратите или на интернет објавите конкретни материјали (на пр., преку форуми или на натпревари) или ако ни пратите креативни предлози, идеи, забелешки, фотографии, цртежи, концепти, или какви било други информации (секоја посебно се вика „Поднесок“, а сите заедно „Поднесоци“) и покрај нашето барање да не ни праќате Поднесоци или други креативни материјали кои не сме ги побарале самите, Поднесокот нема да се третира како доверлив материјал ниту ќе се третира како материјал со право на сопственост. За целите на овој пасус, сета Содржина од заедницата ќе се смета за дел од дефиницијата за Поднесоци. Ниеден Поднесок нема да го третираме како доверлив и не сме одговорни за каква било употреба или откривање на кој било од Поднесоците. Секој од Поднесоците смееме да го користиме без ограничување во намена, во која, меѓу другото спаѓа и репродукција, откривање, пренесување, објавување, емитување или објавување на интернет, и со тоа неотповикливо се одрекувате од правото да сметате дека таквата употреба на Поднесокот ги прекршува вашите права, во кои, меѓу другото, спаѓаат авторските права, правото на заштитен знак, моралните права, правата на приватност, сопственост и други права од сопственост, правата на јавно прикажување, или правото да добиете заслуги за материјалот или за идеите. Имаме неотповикливо право, но не и обврска, да го репродуцираме, изменуваме, приспособуваме, објавуваме, емитуваме, лиценцираме, изведуваме, објавуваме на интернет, продаваме, преведуваме, вклучуваме, преработуваме, дистрибуираме или да го користиме Поднесокот во кој било или во сите медиуми, досега познати или кои ќе се измислат во иднина, во целиот универзум, без никакво временско ограничување, без да ви се даде некаква компензација или заслуга. Со доставување Поднесок до овој Сајт или до нас, потврдувате дека тој Поднесок е ваш авторски труд и дека не ги нарушува или прекршува правата на трета страна, во што, меѓу другото, спаѓаат права на интелектуална сопственост и права на публицитет и/или на приватност. Сите Поднесоци доставени до Сајтот или до нас се единствено наша сопственост и нема да се признаваат ниту да се враќаат. Се согласувате и разбирате дека не сме обврзани да користиме ниеден Поднесок кој сте го доставиле до нашиот Сајт или до нас и дека немате право да нè принудувате да го користиме. Со потпишување на овој документ прифаќате и се согласувате дека со нас немате доверлив, поверенички или друг специјален однос и дека вашата одлука да ни доставите каков било материјал не нè става во различна позиција со општата јавност во однос на вашиот Поднесок. Разбирате и прифаќате дека имаме пристап до многу идеи, приказни, дизајни и друга литература и дека нашите вработени постојано ни доставуваат и развиваат нови идеи. Многу идеи или приказни може да бидат еднакво добри, слични или идентични со вашите во однос на темата, идејата, приказната, форматот итн. Прифаќате и се согласувате дека немате право на компензација како резултат на тоа што ние сме употребиле материјал сличен или идентичен со вашиот. Конечно, прифаќате дека, во однос на кое било барање што го имате што е поврзано со или произлегува од наше фактичко или наводно искористување на каков било материјал што сте го доставиле до нашиот Сајт и/или до нас, штетата, ако ја има, предизвикана од тоа нема да биде непоправлива или доволна за да ви се обезбеди судски налог или друг праведен надомест или на кој било начин да се забрани производство, дистрибуција, изложување или друг начин на искористување на кој било производ што се заснова или наводно се заснова на материјалите и вашите права и правните лекови во кој било таков случај се строго ограничени на правото на отштета, ако постои штета, по судски пат.
12. АВТОРСКИ ПРАВА И АГЕНТИ ЗА АВТОРСКИ ПРАВА
Herbalife ја почитува туѓата интелектуална сопственост и истото го бараме и од нашите корисници. Во согласност со Законот за авторско право во дигиталната епоха Herbalife назначи Агент за авторско право кај кого ќе стигаат пријавите за прекршување на авторските права на Сајтот. Агентот за авторски права на Herbalife може да го контактирате на GeorgeF@herbalifeHerbalife.com.
Ако сметате дека некоја од Содржините во заедницата ги прекршува авторските права за ваше дело или дело што вие го контролирате или ако сметате дека вашето дело било ископирано на начин што претставува прекршување на авторските права, ве молиме вописмена форма веднаш да ги доставите (за повеќе детали в. 17 U.S.C. [Законик на САД] дел 512(c)(3)) следниве информации до Агентот за авторски права на Herbalife:
- Електронски или физички потпис од лицето овластено да го застапува сопственикот на авторските права;
- Опис на делото за кое тврдите дека се прекршени авторски права, или ако се работи за повеќе дела, доставете исцрпен список;
- Точната URL или доволно соодветен опис за Herbalife да може да го лоцира на Сајтот материјалот со кој наводно се прекршуваат нечии авторски права;
- Вашето име, адреса, телефонски број и имејл адреса;
- Ваша изјава дека сте убедени дека спорната употреба не е одобрена од страна на сопственикот на авторските права, неговиот агент или со закон.
- Ваша изјава, дадена под кривична и материјална одговорност, дека горенаведените информации од вашето известување се точни и дека вие или сте сопственик на авторските права или сте овластени да го застапувате сопственикот на авторските права.
13. ПРОМОЦИИ
На Сајтот може да има наградни игри, натпревари или други промоции поради кои ќе се бара да пратите материјали или информации за себе. Ве молиме имајте предвид дека за наградните игри, натпреварите или промоциите што ги нудиме преку Сајтот може да има, и најчесто има, посебни правила кои дополнително на описот на таквите игри, натпревари или промоции, може да содржат критериуми за право на учество, како што е, на пример, одредена возраст или ограничување во однос на географска област, услови што треба да се исполнат со материјалот што го доставувате и известувања за начинот на кој ќе се користат вашите лични информации. Должни сте да ги прочитате тие правила за да решите дали сакате да учествувате и дали имате право да учествувате, да се регистрирате и/или да бидете вклучени. Кога се придружувате на некакви игри, натпревари или друг тип промоции, се согласувате да се придржувате до правилата и одлуките на спонзорот(ите) наведени во нив кои се конечни и целосно обврзувачки.
14. ЛИНКОВИ
Може да споделуваме линкови до трети веб-сајтови или извори. Споделувањето ваков вид линкови не значи дека ги одобруваме информациите, производите или услугите до кои може да се дојде преку тие линкови. Не сме одговорни за содржината или за перформансот на интернетот, како и за други веб-сајтови на кои Сајтот може да се најде како линк или од кои до Сајтот може да се пристапи. Од вас се бара да нè информирате за секоја грешка или несоодветен материјал што може да се најде на веб-сајтовите на кои е даден или може да биде даден линк до Сајтот.
15. ГРЕШКИ
Иако се обидуваме да го зачуваме интегритетот на Сајтот и на други Понуди, не можеме да гарантираме за точноста или за целосноста на Сајтот или на други Понуди. Ако сметате дека сте нашле грешка на Сајтот или на други Понуди, ве молиме контактирајте нè на [866-617-4273] и, ако е можно, доставете ни опис на грешката, нејзин URL и ваши контакт-информации. Ќе се обидеме да го решиме проблемот.
16. ПРАВНА ИЗЈАВА ЗА ГАРАНЦИИ; ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ
РАЗБИРАТЕ И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ОВОЈ САЈТ И СИОТ МАТЕРИЈАЛ И ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ ШТО СЕ СОДРЖИ ВО НЕГО СЕ ДИСТРИБУИРААТ „КАКО ШТО Е“ „КОГА СЕ ДОСТАПНИ“ „СО СИТЕ НЕДОСТАТОЦИ“ И БЕЗ НИКАКВИ ГАРАНЦИИ, БЕЗ ОГЛЕД НА ТОА ДАЛИ СЕ ТИЕ ИЗРЕЧНИ ИЛИ СЕ ПОДРАЗБИРААТ, ВО КОИ, МЕЃУ ДРУГОТО, СПАЃААТ, ГАРАНЦИИ НА СОПСТВЕНОСТ ИЛИ ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ ЗА ПАЗАРНА ПОДОБНОСТ, НЕПРЕКРШУВАЊЕ ИЛИ ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ПОСЕБНА ЦЕЛ ИЛИ ТАКВИ ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД СТАТУТ ИЛИ ЗАКОН ИЛИ НОРМА ИЛИ ТРГОВСКА ПРАКТИКА. ОДРЕДЕНИ ПРАВНИ СИСТЕМИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ, ТАКА ШТО МОЖЕБИ ГОРЕНАВЕДЕНИОТ ИСКЛУЧОК НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА ВАС, ВИЕ МОЖЕБИ ИМАТЕ ДРУГИ ПРАВА ШТО ЗАВИСАТ ОД ЛЕГИСЛАТИВАТА.
СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА НИЕ И НАШИТЕ МАТИЧНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, ФИЛИЈАЛИ, ПОДРУЖНИЦИ, ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦИ И ЗАСТАПНИЦИ И НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, СЛУЖБЕНИЦИТЕ И ДИРЕКТОРИТЕ (СО ЕДНО ИМЕ „ОСЛОБОДЕНИ СТРАНИ“) НЕ СЕ ОДГОВОРНИ ПРЕД ВАС ЗА ШТЕТА ОД КОЈ БИЛО ВИД, ПОРАДИ НЕИЗВРШУВАЊЕ ОБВРСКИ, ВРЗ ОСНОВА НА ДОГОВОР, ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ ИЛИ НЕШТО ДРУГО, КАДЕ ШТО, МЕЃУ ДРУГОТО СПАЃААТ, КАКВА БИЛО ДИРЕКТНА, ПОСЕБНА, ИНДИРЕКТНА, СЛУЧАЈНА, ПОСЛЕДИЧНА ИЛИ КАЗНЕНА ШТЕТА ШТО ПРОИЗЛЕГУВА ИЛИ РЕЗУЛТИРА ОД ИЛИ ВО ВРСКА СО ОВОЈ САЈТ, ПОНУДИТЕ, КОРИСНИЧКИТЕ ФОРУМИ, МАТЕРИЈАЛОТ, ИЛИ КОИ БИЛО ГРЕШКИ ИЛИ ПРОПУСТИ ОД ТЕХНИЧКИ АСПЕКТ ИЛИ ВО ПОГЛЕД НА МАТЕРИЈАЛОТ, ДУРИ И КОГА СМЕ БИЛЕ ИЗВЕСТЕНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ, БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ СЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ВО ЦЕЛОСТ ИЛИ ДЕЛУМНО ОД НЕБРЕЖНОСТ, ВИША СИЛА, ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ПРЕЧКИ, КРАЖБА ИЛИ УНИШТУВАЊЕ НА, ИЛИ НЕОВЛАСТЕН ПРИСТАП ДО, ОВОЈ САЈТ ИЛИ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ ПРОГРАМИ ПОВРЗАНИ СО НЕГО. БЕЗ ОГЛЕД НА КОЈА БИЛО ДРУГА ОДРЕДБА ОД ОВОЈ ДОГОВОР, ВО НИЕДЕН СЛУЧАЈ И ПОД НИЕДНИ ОКОЛНОСТИ ОСЛОБОДЕНИТЕ СТРАНИ НЕМА ДА ВИ ДОЛЖАТ ПОРАДИ КАКВА БИЛО ПРИЧИНА ИЗНОС ПОВИСОК ОД 50 АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ (50 УСД) ОДРЕДЕНИ ПРАВНИ СИСТЕМИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ОГРАНИЧУВАЊЕ ИЛИ ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ГАРАНЦИИ И УСЛОВИ И/ИЛИ ПРАВНИ ИЗЈАВИ ЗА ОДРЕДЕНИ ТИПОВИ ШТЕТИ, ТАКА ШТО МОЖНО Е ДЕЛ ОД ГОРЕНАВЕДЕНОТО ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА ВАС.
КОГА ПРИСТАПУВАТЕ ДО САЈТОТ РАЗБИРАТЕ ДЕКА МОЖЕБИ СЕ ОДРЕКУВАТЕ ОД ПРАВА ВО ОДНОС НА БАРАЊА ЗА КОИ ВО МОМЕНТОВ НИ САМИТЕ НЕ СТЕ СВЕСНИ ИЛИ НЕ ГИ ОЧЕКУВАТЕ И ВО СОГЛАСНОСТ СО ТАКВОТО ОДРЕКУВАЊЕ, ПРИФАЌАТЕ ДЕКА СТЕ ГИ ПРОЧИТАЛЕ И РАЗБРАЛЕ, И СО ПОТПИШУВАЊЕ НА ОВОЈ ДОКУМЕНТ ДИРЕКТНО СЕ ОДРЕКУВАТЕ ОД ПРИДОБИВКИТЕ ОД ДЕЛОТ 1542 ОД ГРАЃАНСКИОТ ЗАКОНИК НА КАЛИФОРНИЈА И КОИ БИЛО СЛИЧНИ ЗАКОНИ ОД ДРУГА ДРЖАВА ИЛИ ДРУГА ТЕРИТОРИЈА, КАДЕ ШТО Е УТВРДЕНО СЛЕДНОВО:
„ГЕНЕРАЛНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА БАРАЊА ЗА КОИ БАРАТЕЛОТ НЕ Е СВЕСЕН ИЛИ НЕ СЕ СОМНЕВА ДЕКА ПОСТОЈАТ ВО НЕГОВА ИЛИ НЕЈЗИНА КОРИСТ ВО ПЕРИОДОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО, КОИ, АКО МУ СЕ ПОЗНАТИ СИГУРНО БИ ВЛИЈАЕЛЕ МАТЕРИЈАЛНО ВРЗ НЕГОВАТА ИЛИ НЕЈЗИНАТА СПОГОДБА СО ДОЛЖНИКОТ“.
Не застапуваме и не даваме никаква гаранција за целосноста, точноста, ажурираноста или соодветноста на која било информација, факт, став, мислење, изјава или препорака што се наоѓа на овој Сајт, во која било Понуда и/или во Материјалот. Упатување на кој било производ, процес, публикација или услуга од страна на која било трета страна според трговското име, име на домејн, заштитен знак, услужен жиг, лого, производител или поинаку не сочинува ниту имплицира негово одобрување или препорака од наша страна. Ставовите и мислењата на корисниците на овој Сајт не се одраз на ставовите и мислењата на Herbalife. Корисниците се должни да побараат совет од професионалци, онаму каде што има потреба, во однос на информациите, мислењата, советите или содржините достапни на овој Сајт.
Интернетот може да биде предмет на нарушување на безбедноста. Не сме одговорни за никаква штета што може да се јави на компјутерот на кој било од корисниците поради такво нарушување на безбедноста, или од вирус, баг, намерно расипување, неовластена интервенција, измама, грешка, пропуст, прекин, бришење, дефект, застој во работата или преносот на информации, дефект во инсталацијата или која било друга неисправност од техничка или друга природа. Покрај тоа, треба да сте свесни дека имејл Поднесоците преку интернет може да не се безбедни и треба да го земете предвид ова пред да пратите каква било информација до некого преку интернет. Не гарантираме за соодветноста, функционалноста, достапноста или работата на овој Сајт. Овој Сајт може да биде привремено недостапен заради одржување или неисправност на компјутерската опрема.
17. ОБЕШТЕТУВАЊЕ
СО КОРИСТЕЊЕТО НА ОВОЈ САЈТ СЕ СОГЛАСУВАТЕ НА БАРАЊЕ ДА ГИ ОБЕШТЕТИТЕ, ДА ГИ БРАНИТЕ И ШТИТИТЕ ОСЛОБОДЕНИТЕ СТРАНИ ОД НАНЕСУВАЊЕ ШТЕТА ОД ТУЖБИ ОД ТРЕТА СТРАНА, НАВОДНИ ПОВРЕДИ, ОШТЕТИ, ПОБАРУВАЊА, ЗАГУБИ, ОДГОВОРНОСТИ И СИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ОДБРАНАТА, ВО КОИ, МЕЃУ ДРУГОТО, СПАЃААТ РАЗУМНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА АДВОКАТ, КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО: ПОВРЕДА НА ВАШЕТО ЗАСТАПУВАЊЕ И ГАРАНЦИИТЕ, СПОГОДБИТЕ ИЛИ ДОГОВОРИТЕ КОИ СЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ ДОГОВОР; ПРЕКРШУВАЊЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР ИЛИ КОЈ БИЛО ЗАКОН ОД ВАША СТРАНА; КОРИСТЕЊЕ НА ОВОЈ САЈТ И/ИЛИ НА МАТЕРИЈАЛОТ СПРОТИВНО НА ОВОЈ ДОГОВОР ОД ВАША СТРАНА; ИНФОРМАЦИИ ИЛИ МАТЕРИЈАЛИ ОБЈАВЕНИ НА ИНТЕРНЕТ ИЛИ ПРЕНЕСЕНИ ПРЕКУ ВАШИОТ КОМПЈУТЕР ИЛИ ПРЕКУ ВАШИОТ КОРИНИЧКИ ПРОФИЛ КАКО НАШ ЧЛЕН, ДУРИ И АКО НЕ СТЕ ГИ ДОСТАВИЛЕ ВИЕ САМИТЕ, А КОИ ПОВРЕДУВААТ КАКВИ БИЛО АВТОРСКИ ПРАВА, ЗАШТИТЕНИ ЗНАЦИ, ДЕЛОВНИ ТАЈНИ, ПРЕПОЗНАТЛИВ ИЗГЛЕД, ПАТЕНТ, ПРАВА НА ЈАВНО ПРИКАЖУВАЊЕ, ПРАВА НА ПРИВАТНОСТ ИЛИ ДРУГИ ПРАВА НА КОЕ БИЛО ЛИЦЕ ИЛИ КЛЕВЕТА НА КОЕ БИЛО ЛИЦЕ; КАКВО БИЛО ПОГРЕШНО ТОЛКУВАЊЕ ОД ВАША СТРАНА; И/ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОД НАША СТРАНА. ЦЕЛОСНО И КОЛКУ ШТО Е РАЗУМНО НЕОПХОДНО ЌЕ СОРАБОТУВАТЕ ВО ОДБРАНА НА КОМПАНИЈАТА ПРИ СУДСКИ ПРОЦЕСИ. КОМПАНИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО, НА СОПСТВЕН ТРОШОК, ДА ПРЕЗЕМЕ ЕКСКЛУЗИВНА ОДБРАНА И КОНТРОЛА ВРЗ СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ЗА КОЕ ВИЕ БИ ТРЕБАЛО ДА ПЛАТИТЕ ОБЕШТЕТУВАЊЕ И ВО НИЕДЕН СЛУЧАЈ НЕ СМЕЕТЕ ДА СЕ СПОГОДУВАТЕ ПО ТАКВИ ПРАШАЊА БЕЗ НАША ПИСМЕНА СОГЛАСНОСТ.
18. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ; ИЗМЕНИ
Имаме дискреционо право да утврдиме дали ги исполнувате условите од овој Договор и нашата одлука е конечна и обврзувачка. Какво било прекршување на овој Договор може да доведе до ограничување на вашиот пристап до целиот или до делови од Сајтот (како и до Веб сопственост или имејл адреса добиена преку Сајтот) и може да се упати до овластените органи. Одрекување од кој било дел од овој Договор нема да биде правосилно ниту ќе има ефект освен ако не го потпишал овластен службеник на Herbalife. Го задржуваме правото да го измениме или укинеме овој Сајт, или кој било негов дел (во што, меѓу другото, спаѓа секоја Веб сопственост што се наоѓа на платформата Bizwork) без претходна најава до вас или до која било трета страна. По прекинување на вашето членство или укинување на вашиот пристап до Сајтот, или по барање на Herbalife, мора да ги уништите сите материјали добиени од овој Сајт и сета поврзана документација, како и сите нивни копии и инсталации. Информирани сте дека агресивно ќе ги реализираме своите права максимално колку што ни дозволува законот.
Ако на суд со соодветна надлежност се утврди дека која било одредба од овој Договор е невалидна, невалидноста на таквата одредба нема да влијае врз валидноста на останатите одредби од овој Договор, кој ќе остане на сила.
19. ЗАКОНОДАВСТВО НА САД
Сајтот функционира на територијата на САД. Информациите од овој Сајт можеби не се соодветни или достапни за употреба на други локации и пристапот до овој Сајт од области каде што содржината на Сајтот може да биде нелегална е забранет. Ако изберете да пристапите на Сајтот или до други Понуди од локации надвор од САД, ваша е одговорноста за почитување на локалните закони, во случај и во степен до кој тие локални закони се важечки.
Софтверот што се користи на Сајтот или на другите Понуди може да подлежи на контроли за извоз од страна на САД. Таквиот софтвер не смее да се даунлодира или на друг начин да се извезе или повтроно извезе (i) во (или на државјанин или жител на) Куба, Бурма, Демократска Република Конго, Брегот на Слоновата Коска, Ирак, Либија, Северна Кореја, Иран, Сирија, Судан, Венецуела или која било друга земја кон која САД има прогласено ембарго; или (ii) на кој било на листата на Посебно одредени државјани на Министерството за финансии на САД или на Листата на непожелни нарачатели на Министерството за трговија на САД. Со даунлодирање или користење на софтверот гарантирате дека не се наоѓате во, или сте контролирани од, или сте државјанин или жител на некоја од наведените земји или се наоѓате на некоја од наведените листи.
Го задржуваме нашето дискреционо право да ја ограничиме достапноста на Сајтот или на други Понуди за секое лице, географска област или надлежност во секое време.
20. РАЗНО
За овој Договор важат законите на Државата Калифорнија, Соединети Американски Држави (без оглед на принципите на судир на закони на Калифорнија што може да доведе до примена на закони во друга надлежност) и овие закони нема да се водат според Конвенциите или Договорите на Обединетите Нации за Меѓународна продажба на стоки, во случај тие да се важечки. Секој спор меѓу нас и вас мора да се одвива пред федералните судови во Округот Лос Анџелес, Калифорнија, во рок од деведесет (90) дена од појавувањето на фактите кои биле причина за таквото дејство, во спротивно случајот ќе биде засекогаш забранет. Со потпишување на овој Договор ја признавате ексклузивната надлежност на судовите во Лос Анџелес, Калифорнија за водење каков било спор што е поврзан или што произлегува од овој Договор или од Сајтот.
22. СПОСОБНОСТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ ДОГОВОР
Потврдувате дека сте на возраст од 18 години или постари и дека сте целосно способни и компетентни да се обврзете со условите, обврските, афирмациите и гаранциите наведени во овој Договор и дека ќе се придржувате до и ќе ги почитувате условите од овој Договор.
23. КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Ако имате прашања или коментари во врска со нашиот Сајт, со Понуди или со овој Договор, може да нè контактирате на [866-617-4273].
Последен пат ажурирано на 4 јануари 2011 г.
© 2011 Herbalife International of America. Сите права задржани.